Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколци од Куманово минатата недела донесоа награда од државниот натпревар по Сообраќајно техничка култура на младите што се одржа во Скопје.
Екипата на Куманово ја сочинуваа учениците Марио Вуковиќ и Филип Бошковски од техничкото училиште „Наце Буѓони„ и Дамјан Трајковски од гимназијата „Гоце Делчев„. Тие освоија трето место во силна конкуренција на ученици од останатите градови. Учениците се подготвуваа за натпреварувањето под менторство на професорот Сашо Илиевски.
Натпреварот се одржал во рамките на манифестациите “Детски семафор“ и “Сообраќајно техничка култура на младите“ во Средното економско училиште “Васил Антевски Дрен“ во Скопје.
Инаку овие манифестации традиционално, повеќе од четири децении, се одржуваат во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во тесна соработка со министерствата за внатрешни работи и за образование и наука.
За нивната масовност говори и фактот што низ повеќето натпреварувачко-едукативни циклуси се опфатени ученици од сите основни и средни училишта во државата.