Кумановец депортиран на скопскиот аеродром
11.11.2015 14:42
| KumanovoNews
С.И.(31) од Куманово вчера е депортиран на аеродромот Александар Велики поради илегален престој од Белгија.

Кумановецот е депортиран на влез во Македонија, а при извршена контрола е констатирано дека се бара за издржување казна затвор во КПУ Куманово за силување. Тој е спроведен за понатамошна постапка.