Кумановец дома чувал марихуана
15.09.2014 10:00
| KumanovoNews
Е.К.(21) од Куманово во својот дом криел дрога.

При претрес во неговата куќа полицијата пронашла 17,55 грама марихуана и седум семки од растението канабис сатива.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.К. за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“.