Кумановец дома чувал оружје, делови од оружје и муниција
13.04.2021 18:15
| KumanovoNews
Кумановец во својот дом чувал пушки, пиштоли од различни марки делови од оружје и муниција.

Полицијата му поднесе кривична пријава, бидејќи се сомнева дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што соопшти полицијата, кај Ќ.А.(60) при претрес пронашла и одзела пет воздушни пушки, една полуавтоматска пушка, три пушки, пиштол непозната марка, две рамки, една кутија со делови од стартни пиштоли, една цевка од непознато оружје и 147 куршуми.