Кумановец избол со нож двајца сограѓани
30.10.2014 14:45
| KumanovoNews
Кумановец се скарал со двајца сограѓани, по што ги избол со нож.

Ф.Н.(21) во текот на месецов во попладневните часови на улица “Солунска“ се скарал со Д.А.(30) и С.А.(23) по што ги избол со нож. Д.А. го ранил во градниот кош, а С.А. го избол во пределот на рамото.
Против Ф.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело убиство во обид.