×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец меѓу најдобрите волонтери во државата

    11.12.2012 15:12 | KumanovoNews

      Признанието го заслужил со волонтерската работа во интернет клубот на извидничкиот одред “Скаут“, каде за три години изработил над 500 кратки биографии на наши сограѓани кои сакале да работата во Авганистан.

    Кумановец меѓу најдобрите волонтери во државата

    Филип Мицевски (23) од Куманово, доби плакета од Владата, за поттикнување и развој на волонтерството во државата. Признанието го заслужил со волонтерската работа во интернет клубот на извидничкиот одред “Скаут“, каде за три години изработил над 500 кратки биографии на наши сограѓани кои сакале да работата во Авганистан.

    - По завршување на средното образование не ми преостануваше ништо освен да побарам работа. Беше многу тешко. По две години се запознав со професорот Слаѓан Станковиќ кој ми овозможи да бидам дел од интернет клубот на Извиднички одред “Скаут“. Голем љубител сум на компјутерската и информатичката технологија, така што за овие две години многу научив не само од информатиката, туку и од комуникациските вештини, личниот развој на човекот, снаоѓање во ситуации под притисок на работа. Најважно ми беше тоа што луѓето доаѓаа и од срце ми се заблагодаруваа, бидејќи сум им помогнал да најдат работа на Блискиот Исток - објаснува Мицевски.

    За него признанието за најдобар волонтер е еден голем поттик за да го надградува знаењето. Со својата работа придонел за економски и социјален развој на општеството. Додава дека градот е разубавен со нови објекти кои се градат благодарение на странскиот капитал кој печалбарите од Куманово го внесуваат во земјава.

    - Знаеме дека кумановци кои работат во Авганистан годишно донесуваат 60 милиони долари во државата. Ние сме помогнале, а со таква сума не може да се пофали ни еден странски инвеститор. Филип испрати и есеј во кој ја образложува волонтерската работа и вели дека за него е големо задоволство кога печалбарите ќе дојдат во интернет клубот, ќе го поздрават, ќе го почестат една пијачка. Тој е многу вреден, одлично го познава англискиот јазик - вели Слаѓан Станковиќ, претседател на извиднички одред “Скаут“.

    Извидничкиот одред конкурираше за оваа награда со 13 волонтери, но Филип Мицевски ја доби наградата во конкуренција со 60 волонтери. Филип е невработен и за неговата егзистенција се грижи сам. Признанието за поттикнување и развој на волонтерството му го врачи министерот Спиро Ристевски на Меѓународниот ден на волонтерите на 8 декември.