Кумановец повреден во судир на полициска шкода и поло
13.12.2018 15:58
| KumanovoNews
Едно лице е повредено по судир на на полициска шкода и поло на крстосницата од улица „11 Октомври“ и „Димитрие Туцовиќ“.

Сообраќајката се случила вчера околу 19,30 часот во Куманово, помеѓу патничко моторно возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, а управувано од А.А.(38) од Куманово и патничко моторно возило „Фолксваген поло“, управувано од Л.Б.(46) од Куманово.
При тоа Л.Б. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.