Кумановец шверцувал пилиња преку граница
06.06.2014 09:37
| KumanovoNews
Кумановец пренесувал 2900 мали пилиња на македонско-српската граница, а откако бил откриен побегнал.

З.С.(44) бил забележан во атарот на село Алгуња, околу 3 часот по полноќ, додека се движел со својот автомобил “лада самара“. Кога полициските службеници се обиделе да го сопрат, тој не застанал тука побегнал оставајќи ја колата. По преглед на возилото најдени се 29 картонски кутии во кои имало 2900 мали пилиња за чување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.