Кумановец во кафуле истепал четворица сограѓани
21.05.2014 11:54
| KumanovoNews
Повозрасен кумановец синоќа истепал неколку луѓе во кафе бар “Бар Код“ лоциран кај гимназија “Гоце Делчев“.

П.К(54) го нападнал В.К со што му нанел телесна повреда и искршил еден лап топ. Потоа П.К излегол надвор, скршил неколку шишиња и повредил уште три лица. На повредените им е укажана лекарска помош во Општа болница Куманово по што се пуштени на домашно лекување.
По расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.