Кумановец во Охрид фатен со фалсификувана банкнота
23.12.2015 14:14
| KumanovoNews
М.Д.(60) од Куманово во Охрид е фатен со фалсификувана банкнота.

Тој во јули годинава во филијала на Про кредит банка во Охрид, на банкарски службеник му дал 7000 денари, во апоени од 500 и 1000 денари, при што една банкнота од 500 денари била фалсификувана.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело фалсификување пари.