×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот спортист Бранимир Јовановски одликуван со Орден „8 Септември" од претседателот Пендаровски

    08.09.2022 11:40 | Сузана Николиќ

    Истакнатиот стрелец и тренер Бранимир Јовановски е еден од четворицата спортисти во државата, кои претседателот Стево Пендаровски оваа година ги одликуваше со Орден „8 Септември", по повод Денот на независноста на Македонија. Признанието им е врачено заради особен придонес за државата, на свеченост во претседателската вила на Водно.

     

    Кумановскиот спортист Бранимир Јовановски одликуван со Орден „8 Септември" од претседателот Пендаровски

    Бранимир Јовановски, има постигнато извонредни резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал кој го освоил во Барселона, освоил дури 50 и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен. 
     
    Покрај Јовановски, ордени добија и Оливера Наковска-Бикова, за освојување на златен медал на Летните параолимписки игри во Лондон, Шабан Трстена, за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година и Дејан Георгиевски, за освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо.

    Во чест на Денот на независноста на Македонија, претседателот Стево Пендаровски традиционално го доделува ова високо државно одликување.

    (фото Фејсбук)