Кумановецот со дрвја и камење мавал по вработената во УЈП
27.09.2013 14:46
| KumanovoNews
Полиција поднесе кривична пријава против кумановецот што ја нападна службеничката на УЈП, која делела опомени за неплатена радио-дифузна такса.

М.А.(22) од Куманово ќе одговара за спречување на службено лице во вршење на службено дејствије, затоа што вчера околу пладне ја пресретнал С.Н.(58) на улицата „Франц Розман„ и започнал да ја навредува, а потоа и фрлал дрвја и камења кон неа. Неколку од нив ја погодиле и ја повредиле. Изнервираниот кумановец на застанал тука, па на службеничката од рацете и ги отргнал документите што ги носеле и ги запалил.
Насилникот подоцна бил приведен, а истражен судија му одреди куќен притвор од 15 дена.