×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка ќе промовира култура на помирување

    19.09.2014 08:38 | KumanovoNews

    Сања Богатиновска од Куманово, стана млад амбасадор за помирување, откако минатата недела учествувала на петтата регионална студиска посета „Млади амбасадори за помирување“ организирана од Младинскиот одбор за образование од Белград и Британската амбасада во Србија.

    Кумановка ќе промовира култура на помирување

    На проектот учествувале дваесетина млади луѓе од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, кои се сретнале со видни личности од политичкиот живот, амбасадори и експерти во Србија.

    На завршната церемонија, на учесниците им биле доделени сертификати и медали со кои станале млади амбасадори за помирување. Тие се обврзале да промовираат култура на помирување и да го пренесат стекнатото знаење.

    “Млади амбасадори за помирување е уникатна иницијатива, која адресира суштински проблеми и прашања кои се провлекуваат во јавниот дискурс по распаѓањето на Југославија, а кои предизвикуваат стереотипизирање, предрасуди и поделба по припадност кон етнички заедници. Ваквата неформална едукација е од круцијално значење за иднината на поранешните југословенски држави, особено затоа што новонастанатите држави или немаа капацитет или пак не сакаа систематски и институционалнода ги превенираат и решат проблемите со кои се справуваме денес“ - изјави Богатиновска.

    Богатиновска е магистер по политички студии на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија, а воедно е и потпретседател на Здружението на граѓани Млади Европски Федералисти – Македонија.