Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставнички на организација на жени “Кумановка“ од 3 до 6 април ќе присуствуваат на регионална конференција “Премостување на различноста“ во Омиш, Хрватска, организирана од фондација на Екуменска Иницијатива на Жени во партнерство со ЕУ - ИПА програма за прекугранична соработка.
Целта на конференцијата е зголемување на учеството на жените во локалните и прекугранични иницијативи кои работат на прашањата за толеранцијата и соработката во меѓуетничките и меѓукултурните односи, зголемена јавна видливост на креативниот ангажман на жените како активни граѓанки со што придонесуваат за инклузија и социјална кохезија во своите заедници, јакнење на регионалното вмрежување. Воедно ќе се разменат искуства и идеи меѓу мировните активистки - вели Виолета Петровска, претседателка на “Кумановка“.
На конференцијата ќе има претставници од Македонија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Србија и БИХ.