×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка платила 27 000 евра за повеќе љубов и среќа

    25.09.2012 07:57 | KumanovoNews

     Бугарка измамила кумановка за 27 000 евра ветувајќи и дека ќе ја излечи од депресија и ќе помогне на има среќа во животот.

    Кумановка платила 27 000 евра за повеќе љубов и среќа

    Се почнало во јуни годинава додека кумановката била на паркингот зад Собранието, а и се приближила гатачката  Г.И.М. (49)  и почнала да  раскажува детали од  нејзиниот живот, кои се поклопувале со реалноста. Таа паднала на лагите на Бугарката, која и понудила да и ја претскаже иднината и да и помогне повеќе да не и се случуваат лоши работи.

    Во три наврати гатачката во станот на несреќната девојка изведувала  ритуали да ја разбие црната магија која и била направена,  да ја излекува нејзината болна мајка и за да нема повеќе проблеми во љубовната врска. За секој ритуал наплатила по 9.000 евра или вкупно 27.000 евра. Исто така и побарала и мобилен телефон марка Samsung S3350. Г.И.М. парите ги барала со изговор дека и се потребни за да може ритуалите да имаат ефект.

    Мината недела Бугарката повторно и се јавила на девојката  и побарала уште 9.000 евра за некаква вода за прочистување, од која понатаму нема да и се случуваат лоши работи. Откако  се посомневала во вистинитоста на нејзините кажувања, случајот го пријавила во СВР Скопје. По преземените мерки гатачката е приведена. Кај неа се пронајдени 3.000 евра кои претходно беа кримтехнички обработени, една икона, една монета со жолта боја, едно шишенце од 200 мл со непознат раствор, една амајлија наменета за оштетената и мобилен телефон.

    Гатачката  Г.И.М. од Р.Бугарија, ќе одговара а за сторено кривично дело –измама, a истражен судија  и одреди притвор во траење од 30 дена.