Куманово 6 часа без вода
29.04.2014 13:43
| KumanovoNews
Јавното претпријатие “Водовод“ ги информира граѓаните дека денеска (30.04) од 10 до 16 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на градот.

Прекинот ќе настане поради редовно сервисирање на тунелскиот затворач на Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“, кое во наведениот период нема да испорачува вода до Филтер станицата.
Од ЈП “Водовод“ очекуваат водоснабдувањето да се нормализира по 17 часот.
Затоа апелираат до граѓаните да се снабдат со вода за најнеопходните потреби, и им се извинуваат за евентуалните непријатности што ќе ги имаат поради недостаток на вода.