×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие канти за измет на миленичиња

    08.03.2013 09:32 | KumanovoNews

      Здружението „Анима Мунди“ потпиша Меморандум за соработка со општина Куманово, за спроведување на проект во доменот на комуналната зоохигиена, урбаната хигиена, колективната здравствена заштита на луѓето и животните, како и подобрување на позитивниот имиџ на местото на живеење.

    Куманово ќе добие канти за измет на миленичиња

    Информираме дека како општина партнер, Куманово ќе биде дел од големиот едукативен караван „Правиме денес, за подобро утре - за луѓето, природата и животните!„. Прокетот содржи едукативна трибина и голема акција за вдомување на миленици како хумана алтернатива, наместо купување. Истовремено за прв пат во градот ќе се постават одреден број информативни табли и канти за измет од миленици-се вели соопштение на здружението.

    Преку овие активности веруваме дека ќе придонесеме за зголемување на квалитетот на живеење во општината, како и дека ќе ги поттикнеме граѓаните  да станат свесни за важноста од одговорност при своите постапки и бидат хумани кон животните.

    Проектот “Јакнење на капацитетите на органите на ЕЛС и оптимизирање на јавните услуги  - преку  иновативност во механизмите на комуникација, до подобро  владеење”, се имплементира во рамки на програмата Цивика Мобилитас, овозможен од страна на Центарот за институционален развој ЦИР-а, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.