×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие студии по информатика и геодезија

    09.06.2012 13:03 | KumanovoNews

     Со одлука на Владата е одобрено да се отворат дисперзирани студии по информатика и геодезија во Куманово.

    Куманово ќе добие студии по информатика и геодезија

     Претставници од министерството за образование биле во работна посета на Општината за да разаговараат за оваа новина, но сеуште не е дефинирано каде ќе се изведува настава. Една од можните варијанти е новиот факултет да биде во просториите на Пионерски дом кој е во сопственост на Владата.

    Младите нема да мора да трошат пари да патуваат до Скопје. Родителите ќе бидат задоволни бидејќи тие пари кои се слевале за патни трошоци ќе им останат. Куманово тоа го заслужува - изјави Бобан Николовски, координатор на советничката група на ВМРО - ДПМНЕ.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека ја поддржуваат идејата за дисперзирани студии, но смета дека пренамената на Пионерскиот дом во факултет ќе створи револт кај граѓаните кои вложиле за негова изградба, и затоа треба да си ја задржи досегашната функција за вон наставни активност на учениците.