×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе се задолжи со 3,5 милиони евра

    15.03.2012 16:05 | KumanovoNews

     Советот на Општината Куманово денеска донесе одлука Општината да се задолжи со 220 милиони денари од комерцијалните банки. Сретствата ќе бидат искористени за изградба на затворениот базен, експропријација на земјиштето и изградба на новата општинска зграда.

    Куманово ќе се задолжи со 3,5 милиони евра

    Јас го предложив задолжувањето како излез од нестабилната фискална состојба во која се наоѓа државата. Блок дотациите не стигаат редовно, има дупка во образованието за тековно одржување на училиштата, штрајкови има во целата држава. Таква опасност му се заканува и на  Куманово. За да не се намали оперативното работење на локалната самоуправа во имплементација на проектите, ние по примерите на другите градови кои земаа кредити, се одлучивме за комерцијален кредит наместо за обврзници. Со тоа ќе обезбедиме фискална одржливост во оваа тешка финасиска година- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

     Одлуката ја подржа мнозинството советници на СДСМ, додека опозиционата ВМРО-ДПМНЕ гласаше воздржано. Тие сметаат дека градоначалникот ја задолжува општината во функција на локалните избори за да добие уште еден мандат од граѓаните.

    Ние како советничка група дефинитивно сме за тоа во Куманово да се изгради базен и општинска зграда. Тоа градоначалникот го ветува веќе три години. Досега ништо не направи, туку само го пролонгираше рокот. Сега кога е година пред локални избори, тој ги манипулира граѓаните со тоа што ќе става камен темелник на одреден проект за кои не се знае кога ќе се заври. Поентата е граѓаните да пливаат во базен, а не да се удават во долгови. Затоа ние нема да ја подржиме оваа одлука. Кој е градоначалникот да го задолжува градот за неговите ветувања- смета Бобан Николовски,  координатор на ВМРО-ДПМНЕ.  

    Доколку локалната самоуправа ги исполни сите услови предвидени со закон, Владата го одобрува задолжувањето на Општината.