Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На иницијатива на романскиот амбасадор, Куманово ќе започне културна и економска соработка со градот Кампина во Романија.
Градот се наоѓа во јужниот дел на државата, помеѓу Букурешт и бугарската граница и има околу стотина илјади жители.Кампина е стар град со традиција, економски богат и развиен како центар на нафтената индустрија во Романија. Целта на романската амбасада е да потикнат соработка и збратимување на градовите заради имплементација на повеќе проекти во европските фондови, бидејќи тие како членови на ЕУ имаат поголемо искуство - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Куманово досега нема соработка со ниту еден романски град, и затоа е прифатена иницијативата и отпочната процедурата за збратимување.