Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повисоките делови на градот и централното градско подрачје денеска повторно останаа без вода.
Според директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски, тоа е поради намалениот дотур на вода од Липковските акумулации до Филтер станицата и големата потрошувачка на вода поради високите температури.
Ние во овој момент од Водостопанство добиваме само 180 литри во секунда вода, и обезбедуваме дополнителни 100 л/с од пумпните станици во Бедиње и Проевце. Но тоа не е доволно де се задоволат потребите на граѓаните на вакви високи температури. Во овој момент се потребни од 350 до 380 л/с, за да имаме нормално водоснабдување. Се додека Водостопанство не го пушти цевководот на т.н. бај-пас нема начин да се обезбеди вода за целиот град- вели Божиновски.
Поради новонастаната состојба градоначалникот Зоран Дамјановски за во понеделник закажал состанок со директорите на двете претпријатија.
Липковските акумулации Липково и Глажња се преполни и имаат околу 24 милиона кубика вода.
Од Водостопанство пред еден месец најавија дека доколку ЈП „Водовод „ не ги плати сметките за испорачаната вода и не обезбеди сретства да се поправат цевките по кои се губи водата, нема да го пуштат дополнителниот вод .