Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општината Куманово донесе одлука да се формира ново средно-општинско училиште, гимназија на албански јазик што ќе го носи името на познатиот албаски преродбеник „Сами Фрашери„. Одлуката беше донесена едногласно.
Советниците дадоа подршка на повеќегодишната иницијатива за формирање на оваа училиште, што е голема придобивка за Општината Куманово, како мулти-етничка средина која го разбира јазикот на толеранцијата и меѓусебното разбирање"- изјави советникот, од Нова Демократија Фериз Дервиши.
Новото училиште е сместено во просториите на поранешен ЗИК, паралелки кои беа дел од гиназијата „Гоце Делчев„. Барањето за новото училиште го одобри Министерството за образование, а ја верификува Советот на Општината.