Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово е еден од петте градови во државата каде што последните два дена загаденоста е на највисоко ниво.
Од Министертсвото за животна средина и просторно планирање денеска информираат дека вредноста од 100 мг/м3 е надмината на мерните места во Кичево, Тетово, Кавадарци, Куманово и Струмица.
Во Куманово росечната вредност на 17 декември изнесува 122.96 мг/м3, а на 18. декември 118.86 мг/м3.
Во случај на надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 150 g/m3), Владата препорачува на државните и локални институции да преземат мерки за заштита на здарвајето на граѓаните.
Се препорачува да се користи јавниот превоз, да не се користат приватните моторни возила без поголема потреба, да се возат повеќе лица во едно возило во исто време, да не се гори прегорено отпадно масло, лакирани и обработени отпадоци од дрвена маса, ПЕТ амбалажа, гума и синтетички материјали, да не се палат огнови на отворено.
Од здравствена гледна точка препораките на Институтот за јавно здравје се за ограничување на активности на отворено, особено за ранливи категории на граѓани- деца, бремени жени, хронично болни од кардиоваскуларни или белодробни заболувања, посебно од белодробна астма.
Прагот за информирање има поблаги мерки, во однос на оној со кој се алармира. Затоа засега се даваат препораки за кои се смета дека ќе придонеста за намалување на високиот праг на загадување на амбиенталниот воздух.