Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Адвокатот Драган Петровски е нов директор на ЈП „Куманово-гас„.
Тој е назначен минатат недела за в.д. директор од градоначалникот Зоран Дамјановски.
Чест и обврска е да се води едно јавното претпријатие, но верувам дека ќе ја оправдам довербата и очекувањата. Во наредниот период ќе продолжиме со реализација на проектите за гасификација што се во интерес на граѓаните. Во програмата е гасифицирање на неколку поголеми правни субјекти, но ќе започнеме и со гасификација на домаќинствата-изјави Петровски.
Новиот директор доаѓа на местото на Момчилo Мирчевски, кој ќе остане во претпријатието и ќе работи како советник за технички работи.
Адвокатот Петровски во изминатиот период ја застапуваше општината Куманово.