Куманово го слави денот на револуционерната борба
23.10.2013 13:10
| KumanovoNews
Денеска се слави Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти октомври, ден кога пред точно 120 години во Солун е основана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.
Според историјата, формирањето на ВМРО означува почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и НОВ носи до создавање на самостојната македонска држава.