×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има 40 отсто атмосферска канализација, затоа се поплавува при секој пороен дожд

    03.03.2025 11:39 | Оливера Пешевска

    Во Куманово има само 40 проценти функционална атмосферска канализација, која е недоволна да ги прими надојдените води при секој  пороен дожд.

    Куманово има 40 отсто атмосферска канализација, затоа се поплавува при секој пороен дожд

    Најкритични се булеварот Октомвриска револуција, Трета МУБ, Никола Тесла и др.   

    Освен немањето на канали за одведување на врнежите, проблем се и запушените шахти, приклучување на фекалната канализација на атмосферската и обратно, како оттекување на водите од повискоите подрачја на градот.

    „Таму каде што денеска е „Октомвриска револуција“ порано биле бавчи, па водата која се слевала од повисоките места се спуштала до реката, но сега тоа мора да биде регулирано, за да стигне до речното корито. Законска обврска е фекалната канализација да не може да се влева во атмосферската и обратно, но таков е случајот во Куманово. Затоа ЈП „Водовод“ треба да изработи студија каде се тие тесни грла или точки, да посочи и да даде одредени забелешки, предлози, програмски активности што да се превземе како заштита на градот од поплави“, објасни Горан Митевски, раководител на Сектор за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР.

    Изадбата на атмосферската канализација треба да биде стратешка цел на локалната самoуправа, да се проектира според потребите на градот за да се надминат актуелните проблеми, побараа советниците. Доколку општината не може сама да го реши проблемот да бара поддршка Министерството за животна средина и просторно планирање.

    „Времето веќе не прегази, но никогаш не е доцна да се почне да се размислува како да се реши круцијалниот проблем со атмосферската канализација. Особено во време на климатски промени, во време на непредвидливи бури, огромни дождови, тоа е многу посериозна закана, кои од година на година прават огромен проблем. Со текот на времето тоа ќе ги ерозира стамбените објекти и постоечката инфраструктура и ќе биде закана за нормално функционирање на граѓаните“, истакна советничката Атина Мургашанска.

    За проблемите со атмосферска канализација се расправаше при донесување на одлуката за План за управување со поплави во Општина Куманово на последната седница на Советот.