×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има дваесетина згрижувачки семејства

    04.07.2012 07:22 | KumanovoNews

     Во градот има околу дваесет згрижувачки семејства од кои повеќето се од македонска и ромска националност.

    Куманово има дваесетина згрижувачки семејства

    Се работи за деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно - социјални проблеми, деца жртви на насилство и оние со посеби потреби се сместени во згрижувачки семејства. Во оваа средина децата остануваа се до нивното осамостојување.

    На овие семејства месечно им се исплаќаат 5000 денари за трошоци и плус 1500 денари надомест за згрижување. Ако се работи за дете ученик, на овие надоместоци се додаваат уште по 500 денари, а ако лицето е со посебни потреби се исплаќаат по 1000 денари плус. Секоја година овие надоместоци се усогласуваат со трошоците за живот. Лани тие се зголемени за 1,6 %. Се трудиме да имаме две до три семејства како резерва ако ни затреба некое дете да сместиме - објаснуваат од Центарот за социјални работи.

    Пред некој да стане згрижувач се разгледува неговото образование и приходите во семејството. Долгогодишната пракса покажала дека згрижувачите од финансиски причини земаат деца на чување, но потоа се врзуваат со нив. Меѓу згрижувачите нема семејства кои се изразито богати. Освен деца, згрижени можат да бидат и стари лица со телесна попреченост кои не можат сами да се грижат за себе.