×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово паркинг„ се враќа во живот

    31.10.2014 15:59 | KumanovoNews

    ЈП „Куманово-паркинг„ ја подобрува финасиската состојба и застанува на здрави нозе, тврди директорот Фадиљ Шабани.

    „Куманово паркинг„ се враќа во живот

    Со неговото доаѓање на чело на претпријатието го консолидирал менаџерскиот тим, а со новата организација и систематизација се  стабилизирала и работата.  

    Во однос на минатата година успејавме да ја намалиме загубата за околу 2 милиони денари, а во третиот квартал направивме и позитивно салдо од над 300 илјади денари. Финасиските параметри покажуваат дека ова јавно претпријатие оди во нагорна линија и се подобрува финасиската состојба, - изјави директорот Шабани.

    Опозицијата, пак, на вчерашната седница побара објаснување зошто се намалени приходите за јавното осветлување на градот.

     Ставката приходи во однос на предходната година е намалена за 300 одсто, а јасно е дека граѓаните на Куманово редовно си ги плаќаат своите обврски за јавно осветлување. Мене ме интересира каде одат тие средства, ако претпријатието не ги троши за јавно осветлување. Како во 2013 година за три месеци се потрошени околу 3 милиони денари, а сега 890 илјади денари, - праша советникот Драган Петковски.

    Директорот одговори дека поради парламентарните избори во март,  претпријатието не можело да објави и реализира тендерска постапка, и од тие причини во тој период немале приходи и расходи за уличното осветлување.

    Советниците од опозицијата побараа од директорот да се намалат телефонските сметки во фирмата, да се вградат штедливи сијалици за јавното осветлување, да се осветлат повеќе улици во градот и да се намали цената на паркингот.