×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово утре ќе живее во знакот на фотографијата

    31.10.2014 10:24 | KumanovoNews

     Пет изложби на уметничка фотографија и дванаесет фотографски проекции ќе се прикажат утре во Куманово, на првиот Малински фото фестивал, на кој ќе бидат прикажани голем број на наградени уметнички фотографии од домашни и странски автори.

    Куманово утре ќе живее во знакот на фотографијата

    Организаторите од  фото клуб “Куманово“  подготвија богата агенда со настани кои ќе се одржуваат во клубот “Баер", Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, Уметничка галерија и просториите на клубот. Со овој фестивал тие сакаат да оддадат признание на првата кумановска фамилија Малински, која во почетокот на 20-от век се занимавала со фотографија.

    “Куманово е град кој што има богата фотографска традиција, и голем број љубители на фотографија. Идејата за овој фестивал дојде спонтано, како чекор напред во организациските активности кои генерации фотографи ги имаат оставено во историјата. Едноставно, успеавме да ја увидиме гладта на публиката за уметничко изразување, уживање и тоа не само во Куманово, туку и во Македонија. Како почесни гости на фестивалот ќе имаме светски реномирани имиња, кои не случајно брзо се одзваа на нашата покана. Фото клуб “Куманово“ иако е млад, во своето јадро има етаблирани автори на светско ниво кои многу придонесоа за успешна реализација на фестивалот“ - изјави Софија Петковска, претседател на фото клуб “Куманово“.

    Организаторите планираат во иднина Малински фото фестивал да биде традиционален и да се надградува.