×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово вечерва најзагаден град

    05.12.2019 20:41 | KumanovoNews

    Куманово вечерва е најзагаден град во државата. Според апликацијата „Мој воздух“ во 18 часот  концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот изнесуваше 468 мг/м3, а во 21 часот 339 мг/м3. Тоа е за 9 односно 7 пати над дозволената граница 50 микрограми на еден метар кубен.

    Куманово вечерва најзагаден град

    Граѓаните реагираат на социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот и локалните власти да преземат конкретни мерки, а не само декларативно да се залагаат за намалување на загаденоста во градот.

    „Според апликацијата „Мој Воздух“, загаденоста во Куманово во 19 часот на локација кај Гимназијата „Гоце Делчев“ достигна неверојатни 650 ПМ10 честички на м3, а во 20 часот, 582 ПМ10. Не знам дали е ова Куманово, Чернобил 1986 или Фукушима 2011“, - прашува еден кумановец.

    „Се труеме секојдневно и никој од надлежните не се замара. Мислат ако молчат проблемот сам ќе се реши. Знам дека сте неспособни ама и вашите деца се гушат. Малку совест и емпатија да покажете. Ангажирајте стручњаци, најдите што го предизвикува загадувањето и почните системски да го решавате. Не сме мечке да се затвориме во пештера и да ја преспиеме зимата, - додава друг сограѓанин.

    Општина Куманово презеде одредени мерки за намалување на загадувањето, а најмногу резултати дава аеросолизацијата којашто се спроведува кога има енормна загаденост во градот.