Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во недела во 13.30 часот во Спортската сала во Куманово, пријателски натпревар ќе играат екипите на Куманово и Црвена Звезда од Белград.
По 20 години, во нашиот град гостува толку силна екипа со звучни имиња во кошарката, поради што очекуваме врвен спортски настан. Интересот за натпреварот е многу голем и се надевам дека трибините во салата ќе бидат преполни. Како што е познато во сабота Звезда игра против МЗТ во Скопје, па ние успејавме за наредниот ден да договориме пријателско одмерување на силите. Се надевам дека нашите кошаркари ќе го дадат својот максимум и ќе покажат колку сме амбициозна и квалитена екипа, а публиката ќе докаже дека на кумановци кошарката им е во крвта- изјави претседателот на КК Куманово Виктор Божиновски.
Картите за натпреварот ќе се продаваат на благајната на салата и ќе чинат 50 денари.
Во рамките на првото коло од македонската кошаркарска лига во сабота КК Куманово гостува на Вардар во Скопје.