×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово затрпано со диви депонии

    23.03.2012 13:36 | KumanovoNews

     Од 500 до 700 диви депонии има на територијата на Општината Куманово. Локалната самоуправа за да се справи со овој проблем, планира на воведе инспекциски служби на мопеди да ги снимаат и да ги казнат загадувачите на животната средина.

    Куманово затрпано со диви депонии

    Секоја година спроведуваме големи акции и даваме пари за чистење на дивите депонии, но граѓаните никако да се одвикнат од своите лоши навики. Ја ангажираме и механизацијата на претпријатијата во градот и приватни фирми ни помгаат но потусто. За само два месеци по чистењето, сметлиштата повторно се обновуваат, а ние не сме моќни да ги најдеме несовесните граѓани, кои го истураат сметот каде што ќе стигнат. Тие тоа најчесто го прават ноќе - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски на поседната седница на Советот, одговарајќи на советничките прашања како градот ќе се справи со дивите депонии.

    Тој најави дека наскоро ќе се организираат повеќе акции за чистење на најголемите депонии. Први во опфатот ќе бидат неселбите Бавчи, Перо Чичо и Средорек, но и сметот покрај патиштата на перифетијата во градот.