×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Кумановска пивтијада“ утре по 24. пат ќе се одржи во ресторан Грација

    18.01.2025 13:20 | KumanovoNews

    Традиционалната гастрономска манифестација „Пивтијада“ утре по 24.пат ќе се одржи во ресторан „Грација“ во Куманово. 

    „Кумановска пивтијада“ утре по 24. пат ќе се одржи во ресторан Грација

    Манифестацијата ќе започне во 12 часот, по што ќе следува дегустација на пивтиите и културно-уметничка програма.

    „Имаме пријавено десетина учеснички кои ќе готват пивтии, но новина е што оваа година натпреварот ќе биде ревијален. Тие ќе ги изложат своите маси со традиционалните јадења, кои обично се подготвуваат за празникот Водици. Идејата ни е да ја промовираме пивтијата како наше зимско традиционално јадење, и да се пренесе овој специјалите на младите генерации. За сите гости ќе бидат послужени пивтии и гравче“, кажа Влајко Стојчевски, сопственик на ресторанот и еден од организаторите на манифестацијата. 

    Кум на годинешната манифестација е КУД „Панче Пешев“, а  кумството ќе се предаде на новиот кум за наредната година.

    Манифестацијата се организира во соработка на здружението Еко Гард, а под покровителство на Општина Куманово.