Кумановската болница доби современа опрема и помагала од хуманитарна организација од Франција
08.10.2026 19:00
| KumanovoNews
Општата болница Куманово денеска доби донација во медицинска опрема и помагала од хуманитарната организација Асоцијација Алзас-Македонија (АЛМА), со седиште во Стразбур, Франција.
Донацијата содржи хидраулични болнички кревети, инвалидски колички, помагала за лица со попреченост и друга медицинска опрема.
Донацијата ја прими директорот Сашо Стошевски, кој им се заблагодари на донаторите и истакна дека опремата ќе најде широка примена кај пациентите.
„Помошта содржи 74 парчиња. Помошта е од големо значење за болницата“, кажа Стошевски.
Тој додаде дека пред извесен период добиле 4 инкубатори за бебиња, а во наредниот период се очекува голема донација од Владата во вредност од 1.8 милиони евра.
(Фото. Тв Плус)