×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница очекува десетина лекари

    16.05.2012 08:16 | KumanovoNews

    По најавите дека Владата ќе одобри 400 нови вработувања во здравствениот сектор кои ќе се реализираат во наредните четири месеци, од болницата во Куманово велат дека имаат потреба од специјалисти, медицински сестри и болничари.

    Кумановската болница очекува десетина лекари

    Се надеваме на десетина вработувања. Ние се обративме до Министерството за здравство и кажавме каква ни е состојбата. Оваа одлука се однесува на цела Македонија и тие ќе гледаат да ги задоволат апетитите на сите установи. Уште ништо официјално не знаеме - вели Ариф Латифи, директор на кумановската болница.

    Тој појаснува дека кадар им е потребен и реално тие имаат потреба од 20 нови лекари. Од Министерството за здравство беше соопштено дека 60% од новите вработувања ќе бидат за лекари, а останатите 40% за медицински сестри.

    Првично се планираше да се одобрат 200 вработувања, но сепак во здравствените установи ќе има 400 нови работни места.