Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мултиетничкото здружение за доброволна волонтерска работа “Кумановски акцијаши“ од понеделник врши упис на нови членови.
Заинтересираните можат да дојдат во просториите на Здружението кое се наоѓа на улица „11 ноември“ бб, до поранешната касарна во Бедиње од 11 до 14 часот и од 18 до 20 часот.
Ако сте желни за нови пријателства, дружење, предизвици, подготвени на дело да ја искажете својата хуманост, љубов кон Куманово и Македонија, придружете ни се. Имаме 105 членови од кои поголем дел се ветерани и сакаме да го подмладиме Здружението - вели Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.
Досега членовите на „Кумановски акцијаши“ имаат реализирано околу 35 работни акции во градот за разубавување и расчистување на повеќе локации.