Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Риболовци од Спортско риболовно друштво “Пчиња“ викендов ќе учествуваат на натпревар на Мавровско езеро што се организира по повод Илинден.
Ќе пратиме екипа од неколку искусни риболовци. Тие ќе се натпреваруваат во категорија сениори во ловење на риба со јадица на пливка. Ќе има јака конкуренција, ќе учествуваат клубови, друштва од градовите од Македонија. Обично по 16 клуба земаат учество на натпреварите - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
Натпреварот во Маврово го организира Риболовна федерација на Македонија.
Пред две седмици двајца јуниори освоија прво и второ место на натпревар на Тиквешко езеро. Државниот првак Филип Божиновски и второпласираниот Стефан Ѓорѓевски се очекува поради добрите резултати да добијат стипендија од Агенцијата за млади и спорт.