×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот музеј ќе добие 34,7 илјади евра за 29 проекти за оваа година

    04.03.2025 12:38 | Оливера Пешевска

    На Националната установа Музеј Куманово му се одобрени 2.1 милиони денари или 34.700 евра од Министерството за култура, за реализација на 29 проекти од годишната програма.

    Кумановскиот музеј ќе добие 34,7 илјади евра за 29 проекти за оваа година

    Оваа година акцент е ставен на археолошка истражувачка дејност. Десетина проекти за кои е аплицирано, не добиле поддршка од ресорното министерство.

    „Задоволни сме, ова година Музеј Куманово доби зголемен буџет, за разлика од претходната година. Најмногу, 20 проекти се од делот на музејска дејност, за недвижно културно наследство одобрен е еден проект, два од меѓународната дејност, а за визуелни уметности, архитектура и дизајн сите приложени проекти се одобрени“, објаснува директорката Марија Живачки.

    Археолозите ќе продолжат со работа на локалитетите Градиште во село Пчиња и во Младо Нагоричане. Двата проекти имаат добиено по 300.000 денари.

    На меѓународната сцена институцијата ќе учествува во „Креирање на дата база на податоци за византиско оружје од Македонија, Епир и Тесалија“ во Никополис, Грција, за што ќе добијат 100.000 денари, а за организација и учество на „Археолошка летна школа“ во Италија се одобрени 60.000 денари.

    Ќе се продуцираат и два документарни филма како проекти за заштита на духовна култура. Министерството со 80.000 денари учествува во проектот „Истражување на свадбени обичаи на Македонците од Козјачкиот крај и Албанките од Албанија“ кој е во финална фаза на реализација. Со сума од 50.000 денари ќе се работи на снимање на документарниот филм „Кумство во црква за време на црковен празник“.

    Од областа на литературата и издавачката дејност ќе излезе Музејскиот гласник број 16, кој започнал да излезува некаде во 90-тите години, и не се објавува секоја година, а за него се одвоени 100 илјади денари. Истовремено на Националната универзитетска библиотека ќе бидат исплатени 100.000 денари за конзервација на хартија, поточно вредни документи, музејска сопственост за периодот од Илинденското востание и периодот меѓу двете светски војни.

    Ќе се изработи аудио водич за постојаната музејска поставка, тековно опремување на конзерваторската лабораторија, одржување на нумизматичката колекција, годишно уредување и одржување на локалитет Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ, како и одбележување на националниот празник 2 Август. Во програмата се прифатени и неколку едукативни работилници со ученици од основни и средни училишта од Куманово- „Сподели богатство“ и „За занаетите со младите“.

    Во Уметничката галерија самостојни изложби ќе одржат Марина Цветановска Мартиновска со 80.000 денари и Мирослав Величковски со сума од 40.000 денари. За групната изложба на дела од Ликовната колонија „Куманово 2024“ и „Кумановски ликовни уметници“ се одвоени по 40.000 денари, а за одржување на традиционалната ликовна колнија „Куманово 2025“ се одобрени 150.000 денари.

    Програмата за 2024 година е спроведена и завршена во целост.