×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот плоштад украсен со новогодишни украси изработени од ученици

    24.12.2021 14:08 | Сузана Николиќ

    Наместо традиционалните светилки и лампиони, учениците и професорите по ликовно воспитување од основните и средни училишта во Куманово, денеска го украсија паркот на градскиот плоштад со украси од хартија, пластика и еко матерјали, кои самите ги изработија.

    Кумановскиот плоштад украсен со новогодишни украси изработени од ученици

    Идејата за вакво украсување е на претседателката на Советот, која вели дека се одлучиле на ваков чекор, поради енергетската криза, а средствата за новогодишно украсување ќе ги пренаменат за друга цел.

      „Со оваа иницијатива ја покренавме креативноста кај учениците со цел да го украсиме градот. Мислам, дека средствата за украсување ќе се пренаменат за инсталирање на сончеви панели на градскиот базен“, изјави претседателката Ивана Ѓорѓиевска. 

    Советот на Општина Куманово се уште нема донесено одлука за пренамена на средствата за украсувањето и тоа најверојатно тоа ќе се случи на седницата на Совет во вторник. Претседателката вели дека догодина ќе го украсат градот, а сега е ова најдобро решение со оглед на целокупната состојба.  

    Дел од граѓаните не се согласуваат со одлуката на општина Куманово да не се украси градскиот плоштад и новогодишната елка, сметаат дека со тоа се изгуби празничниот амбиент, кој е многу значаен во овој период кога луѓето веќе две години се соочени со здравствена криза. Тие им порачуваат на надлежните да штедат на непродуктивни трошоци, а не на украсувањето на градот кое е традиција во целиот свет.

    „Требаше да го украсат барем паркот на плоштадот, вака пусто. Тоа ниту чини многу, нити ќе потроши многу струја. Вака не се чувствува празнична атмосфера, нема културни настани. Нема каде да ги прошетаме и сликаме децата, да се радуваат на новогодишните празници. Секоја чест на учениците што денеска го украсија плоштадот, но овие украси ќе ги снема кога ќе дувне првиот ветер“, вели една сограѓанка, која го шеташе внучето на плоштадот.   

    На градскиот плоштад е поставено само новогодишна елка, која е скромно украсена. 

    За разлика од Куманово, Крива Паланка и многу други градови во државата ги украсија градските плоштади и ја донесоа новогодишната атмосферата меѓу граѓаните.