Кумановскиот театар го посетиле скоро 7000 луѓе
28.12.2015 09:24
| KumanovoNews
Во сезоната 2014/2015 театар Куманово го посетиле 6938 посетители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во театарот се изведени 10 дела, играни се вкупно 52 претстави од кои 9 се гостински. Гостинските претстави ги гледале 2750 посетители. Бројките покажуваат дека кумановскиот театар имал подобра посетеност од охридскиот, тетовскиот, струмичкиот театар, а послаба посетеност од прилепскиот, битолскиот, велешкиот, штипскиот и скопските театри.
На ниво на држава, во тетарите низ Македонија зголемен е бројот на прикажани претстави, но и бројот на гости во однос на сезоната 2013/2014.