×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот театар подготвува нова претстава

    05.11.2014 14:51 | KumanovoNews

    Кумановскиот театар ја подготвува претставата “Мајката храброст и нејзините деца“, по текст на Бертол Брехт, а во режија на Ѕвезда Ангеловска.

    Кумановскиот театар подготвува нова претстава

    Премиерата на оваа претстава е закажана за 27 ноември. Се работи за адаптација на едно дело од Брехт и во претставата играат осум ликови. Улогите ги толкуваат : Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Роберт Ристов,  Владо Дојчиновски, Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Сања Русевска и Јасмина Василева.

    “Тема е војната, сиромаштијата, меѓутоа приказната е преку еден лик на мајка, која е храбра, која ги губи синовите. Значи станува збор за една трагична приказна. Сепак жанровски се работи за една траги - комедија. Има интересна актерска екипа со која ми е задоволство да соработувам. Сега сме веќе во процес на работа, излезени сме на сцена. Една ваква адаптација бара доста време, да се анализираат ликовите. Тоа е една мотивација за мене да го работам овој проект, како врие светот и такви работи се случуваат недалеку од нас“ - вели Ангеловска.

    Ова е прва претстава која годинава ќе биде реализирана во театарот Куманово со поддршка на Министертвото за култура.

     “Премиерата требаше да биде во првата половина на оваа година, меѓутоа од оправдани причини е пренасочена во втората половина. Претставата ќе биде прикажана на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп“ - вели Симона Тоскиќ, продуцент во театар.

    Во декември во кумановскиот театар се очекува и  премиера на претставата “Грдиот“.