×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пчелари донираа мед и прополис на здравствените работници и заболените од коронавирус

    07.04.2020 18:47 | KumanovoNews

     Вработените и пациентите во Кумановската болница денеска добија донација од 120 килограми мед и 30 кутии прополис, од пчеларите на здружението „Пчела“, по повод Светскиот ден на здравствените работници 7 Април.

    Кумановските пчелари донираа мед и прополис на здравствените работници и заболените од коронавирус

    - Идејата беше иницирана од наши колеги и веднаш наиде на широка поддршка кај сите членови. За само неколку дена ги собравме планираните количини на мед, за што посебно сме горди. Во оваа тешка борба со коронавирусот најпогодени се медицинските лица и пациентите, а познати се лековитите својства на пчелините производи во лекувањето на многу болести и зајакнување на организмот, - изјави Бобан Стошевски, член на Здружението на пчелари „Пчела“.

    Кумановските пчелари најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со слични акции на своите сограѓани. Донацијата е организирана преку Општинскиот штаб за заштита и спасување.