×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските печалбари незаинтересирани за сопствен бизнис

    13.06.2012 13:19 | KumanovoNews

     Центарот за економски анализи направи истражување, кое покажува дека дури 60 проценти од граѓаните кои работат во Ирак и Авганистан немаат намера да вложуваат во родниот град. Тие немаат бизнис познавања или сметаат дека нема поволности за отворање на фирма.

    Кумановските печалбари незаинтересирани за сопствен бизнис

    Според податоците од истражувањето, повеќето кумановци заминуваат во ризичните подрачја поради  малите плати во нашите претпријатија и можноста за брза заработувачка во странство за краток период. Дел од нив годишно заработуваат и до 50.000 евра. Парите претежно ги вложуваат за решавање на стамбените потреби. Анкетираните изјавиле дека не би прифатиле да се вратат во земјава и да работат за месечна плата пониска од 22.000 денари. 15 проценти од печалбарите имаат желба да работат за 50.000 денари, но толку високи плати не земаат електричари или водоинсталатери.

    Потребно е што побрзо да се најде инструмент со кој ќе може локалната самоуправа да стапи во контакт со овие лица. Нив треба да им се обезбеди поквалитетен амбиент за да можат да ги инвестираат своите средстав и да го активираат капиталот со што ќе отворат нови работни места - рече Марјан Николовски, претседател на ЦЕА.

    Од Општина Куманово посочуваат дека оние што имаат желба да отпочнат сопствен бизнис тоа можат да го сторат во зоната кај Речица и Табановце, кои планираат да ги отворат. Тие сметаат дека услужните дејности би биле добра опција за почнување бизнис. Истражувањата допрва ќе треба да се прават за да се види што би било исплатливо.

     Треба да се направи опсежна анализа што ни недостасува во Куманово. Услужните дејности и во Европа и Америка зафакаат над 70 проценти. Брзо се работи, има обрт на пари. Тие самостојно не заштедиле доволно за да можат да отворат бизнис. Ќе треба да почнат да се здружуваат, да се окрупнуваат. Тоа е присутно на Запад - вели Зоран Павловски од секторот за администрирање на приходи.

    И во услови на светска криза платите на овие работници се покачуваат. ЦЕА истражуваше и за Тетово, но тамошните печалбари многу повеќе вложуваат во својот град.