Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“, деновиве со низа активности го одбележуваат 11 декември - Светскиот ден на планината.
По тој повод беше организирано редовно собрание на кое е избран претседател на друштвото и најуспешните планинари.
“За претседател повторно беше избран актуелниот Владо Лазаревски, а за планинар на годината е прогласен Тони Цветковски. Најуспешни за 2014 година се Татјана Величковска, Сашо Станојковски, Никола Трајановиќ и Александар Трајановиќ“ - вели Мартин Величковски, секретар на “Козјак“.
Во недела планинарите од “Козјак“ ќе учествуваат на одбележувањето на Светскиот ден на планината на Матка, настан кој го организира Федерација на планинарски спортови на Македонија.