Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипа на Територијалната противпожарната единица Куманово (ТППЕК) се вклучи во гаснењето на големиот пожар во Фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во тетовското село Фалиуше.
Командирот Деан Илиевски вели дека нивната екипат заминала на испомош околу пладне, откако од нив била побарана помош од ЦУК и тетовските пожарникари.
„На местото на настанот е една екипа од 5 пожарникари и едно возило со сета потребна опрема за гаснење на вакви пожари. Имаат и опрема за користење на пена, бидејќи горат бои и лакови. За понатаму чекаме инструкции, доколку има потреба ќе пратиме и зајакнување“, вели Илиевски.
На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.
"Во 10.30 часот е добиена пријава за пожар во просториите на "Еврком", магацин каде што меѓу другото имало и поголема количина на бои и лакови и други хемикалии. Зборував со сопственикот, кој кажа дека можеби имало и сто тони од овие хемиски матери кои се зафатени од огнот. По пријавата веднаш интервенираа пожарникарите на ТППЕ Тетово, но ние повикавме помош и од скопската бригада, кумановската противпожарна едница и велешката. Тие помагаат во гасење на пожарот кој е во напредна фаза, постои голема можност зградата да се урне поради високата температура, постои опасност и надворешните ѕидови покрај кои минуваат локалните патишта да бидат се урнат, така да од полицијата побаравме да ги затворат околните улици за движење. Квалитетот на воздухот е многу лош па апелирам да не се отвараат прозорците на неколку километри одалеченост и да не излегуваат без поголема причина граѓаните од околината", изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.