Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на земјоделски производители Куманово во четврток, петок, сабота и недела со свој штанд ќе се претстави на саемот Агрофуд во Скопје.
На штандот ќе бидат изложени културите кои се одгледуваат во кумановско.
Од производи ќе имаме пипер, зелка, праз, компир, јаболка, кој што произвел. Ние секоја година учествуваме на саемот, тоа ни е традиција која трае повеќе од 10 години. Ова го правиме во име на земјоделците. Поканети се луѓе од прехранбена, млечна индустрија, винарии - вели Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.
Ивановски објаснува дека ако има интерес од фармерите, на 13 октомври ќе посетат земјоделски саем во Измир, Турција.