Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово од неодамна започна со работа нова салон за естетика и убавина „Ла Нина“, кој нуди современ и безболен начин за слабеење и реобликување на вашето тело.
Новата технологија на козметички апарати овозможува на брз и едноставен начин - без хируршка интервенција и без болка, брзо и здраво да дојдете до посакуваната линија.
„Салонот е во служба на нашите клиенти кои сакаат да имаат вита става, обликувано и затегнато тело, тонирани мускули, но и младешки изглед на кожата на лицето и вратот. Единствени во градот го имаме најсовремениот апарат „Тесла реформер“, со кој може истовремено да се третираат две регии, а со тоа се заштедува време, а резултатите се извонредни. Тој служи за затегање и формирање на телото, апарат со кој можете да постигнете фит форма, без долготрајни, напорни тренинзи и без капка пот. Резултатите се видливи по само 3 до 5 посети на салонот „Ла Нина“, информираат од салонот.
Салонот располага и со други современи, сертифицирани апарати, набавени од Србија, Хрватска и Германија. На нив работат обучени медицински лица со претходно искуство, што гарантира дека се наоѓате во сигурни раце. Со третманите за тело клиентите можат да ослабнат, да го обликуваат телото и да го детоксицираат организмот.
Во понудата имаат и третмани за измазнување, избелување и детоксикација на кожата на лицето. Во чекор со времето, нудат измазнување на брчките, ревитализација со која се задржува младешкиот сјај и негувано лице. Козметиката која се користи е од исклучиво германско производство, со гарантиран квалитет.
Понудата на салонот „Ла Нина“ е прилагоден на современите трендови, за она што значи урбано живеење и демонстрација на жената на 21 век- успешна, привлечна, негувана- жена која држи до себе во секоја смисла на зборот.
Третман или за консултации можете да закажете на телефонскиот број 070/930-720, или на Инстаграм страницата la_ninabeauty.
Салонот „Ла Нина“ се наоѓа во стамбениот комплекс на булеварот “Октомвриска револуција“ број 11/3, помеѓу Спортската сала и Зеленото пазарче.
(ПР текст)