Лани осудени над 150 кумановци
Во Основниот суд Куманово минататa година се осудени 157 полнолетни кумановци за сторени кривични дела.

Според податоци од Државниот завод за статистика, само 9 од нив се жени а останатите мажи.
Казнетите, во 53 случаи добиле затворска, а 30 парична казна.
Лани се откриени 1308 сторители на кривични дела. Од нив 58 посегнале по телото и животот на граѓаните, 37 ги повредиле правата и слободите на граѓанинот, 8 ја нарушиле половата слобода, 25 направиле кривично дело во делот на јавните финансии и платниот промет. Пријавени се 666 кумановци кои направиле имотни деликти, а 20 граѓани сториле кривични дела во делот на бракот и семејството.