×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажна е веста дека ги кршиме здравствените протоколи, злоупотребената фотографија е од крводарителска акција што се одржа лани, тврди пратеничката Трајковска

    20.06.2020 13:27 | KumanovoNews

     Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Трајковска, ги отфрла обвинувањата на социјалните мрежи и на некои портали дека ги прекршила здравствените протоколи за носење на маска и социјална дистанца, и присуствувала на партиски состанок, со што го загрозила здравјето на сопартијците и на своите најблиски.

    Лажна е веста дека ги кршиме здравствените протоколи, злоупотребената фотографија е од крводарителска акција што се одржа лани, тврди пратеничката Трајковска

    Таа тврди дека фотoграфиите што се споделени се од крводарителска акција од јуни минатата година.

    „Во врска со објавените слики на одредени социјални медиуми, а во насока на правилно информирање на јавноста дозволете ми да ве известам дека на 19.06.2019 година Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК КУМАНОВО, чиј што претседател бев јас, организираше крводарителска акција во просториите на штабот „Томбола“ во Куманово. Истите слики се злоупотребени и објавени на фб страни, лични профили и други социјални мрежи за настан што е организиран минатата година и тоа исклучиво за политички цели на неколку дена пред стартот на кампањата за Парламентарните избори. Упатувам посебен повик до социјалдемократите во Куманово во услови кога сме исправени пред предизвикот за заштита на здравјето на секој еден наш сограѓанин, да покажат вистинска грижа за граѓаните и да ги заштитат од лажни вести“, - соопштува пратеничката Трајковска.