×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП ја соопшти листата во,,двојка‘‘

    05.05.2011 13:36 | KumanovoNews

    Либерално-демократската партија денеска ја соопшти листата на кандидати за пратеници во втората Изборна единица. Носител на листата е поранешниот претседател на ЛДП  Ристо Пенов, а од општинската организација Куманово се наоѓаат 7 кандидати за пратеници од кумановскиот регион.

    ЛДП ја соопшти листата во,,двојка‘‘

     На високото второ место на листата е Зоран Павловски - дипломиран економист вработен во локалната самоуправа,а потоа следуваат Деса Јакимовска дипломиран фармацевт на осмото, шумарскиот инженер Момчило трајковски од Ст. Нагоричане на единаесеттото, на 15-то место е секретарот на ЛДП на Куманово Бобан Бојковски - дипломиран технолог, Александар Краљевски - дипломиран социолог е на шеснаесеттото, Лена Филиповиќ - дипломиран металург на осумнаесеттото и Драган Јањевиќ - дипломиран правник и претседател на Општинската организација на ЛДП на 20-то место од листата.       

    ,,Почитувани граѓани на Куманово, преку оваа листа праќаме силна порака дека нудиме чесен и квалитетен кадар од првото до последното место, нудиме луѓе без хипотеки и луѓе со јасна засмисла за иднината на Куманово и за Република Македонија. Ова се кадрите кои ќе понудат излез, луѓе кои ќе го намалат бројот на министерства од сегашните 22 на само 12, ќе воведат рационален парламент од 90 наместо сегашните 120 пратенички места, ќе воведат нулта стапкана данок на добивка, укинување на годишниот данок на вкупен приход за микропретпријатијата, закон по кој ниту еден носител на јавна функција, пратеник или министер не смее да има два пасоша, воведување на концептот секој граѓанин акционер преку распредела на преостанатиот државен капитал и други работи  наведени во програмата на ЛДП со мотото ИМА ИЗЛЕЗ‘‘ - рече портпаролот Филип Јаневиќ.

    Оваа партија ги поканува своите членови и симпатизери вечерва во 20 часот на отворањето на изборниот штаб  на улицата ,,Октомвриска револуција‘‘ (спроти поликлиниката Д-р Ѓоше) заедно со носителот на листата Ристо Пенов.